Пред да се омажи со Душко Тошиќ, Јелена Карлеуша под кирија живееше ТУКА (ФОТО)

Интересно соседство

Откако се пресели во вилата на Дедиње, која порано беше во сопственост на бившиот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси, Јелена Карлеуша често објавува фотографии на кои позира покрај базенот, покрај клавирот, но ретко кој се сеќава каде живееше со фудбалерот Душко Тошиќ пред преселбата.

Имено, соседите на брачната двојка Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ за медиумите открија дека во соседството каде што сега живеат тие на Бежаниска коса, претходно живеела популарната пејачка.

 

Јеца била сосетка со Лепа Брена, Илда Шаулиќ, Ацо Пејовиќ, Кеба и Нада Обриќ.

Инаку, куќите во соседството се слични и изградени во ист стил, т.н. карингтонки, а во една од нив пејачката ги поминала деновите пред да се омажи за Тошиќ и да се породи со Атина.

 

Одамна беше тоа, пред десетина и повеќе години. Таа куќа е на еден директор на банка, а Карлеуша живееше под кирија, а потоа се отсели и се пoроди со  постарата ќерка“, вели изворот.

Видео: Youtube

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.