Одел од врска во врска: Еве со кого Жељко Јоксимовиќ ја изневерил Леондина

Аферата на Жељко Јоксимовиќ е нешто за што многу се зборуваше додека музичарот беше во врска со колешката Леонтина Вукомановиќ.

Пред да влезе во стабилна врска, а потоа и брак со новинарката и водителка Јована Јоксимовиќ, музичарот Жељко Јоксимовиќ важеше за заводник и срцекршач. Дамите од естрадата се натпреваруваа да најдат во негово друштво, на која од нив ќе ѝ напише или посвети песна, а на неговиот шарм не можеа да одолеат ниту оние што се занимаваа со други јавни професии.

Кантавторката Леонтина Вукомановиќ прва успеала долгорочно да го задржи покрај себе популарниот музичар, а од непозната причина, никогаш не сакала да потврди дека е во врска со него. За време на долгата романса, познатото дуо напиша некои од најубавите љубовни песни кои публиката и денес ги слуша со особена емоција, но нивната врска не опстана. Според тогашните написи во медиумите, врската била прекината поради неверство и аферата на Жељко Јоксимовиќ со поранешната манекенка, а денес водителка Адријана Чортан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeljko Joksimovic (@zzeljko)

Тогаш се шпекулираше дека Јоксимовиќ тајно се гледал со неа зад грбот на Леонтина, а набрзо почнаа и љуобвна врска, која траеше три и пол години, а Чортан за сето тоа време немаше причина да не верува во неговата верност.

Љубовта, поддршката, меѓусебното разбирање, довербата и почитта се најважните ставки за квалитетна и долготрајна врска. Досега не сум бил изневерена и се надевам дека Жељко никогаш нема да ме иневери. Заради љубовта неопходно е да се прифати минатото на партнерот, без дискусија. Тоа е дел од личноста што ме шармираше. Сепак, минатото му припаѓа на минатото, треба да се ужива во сегашноста и да се инвестира во најдобрата можна иднина. Жељко го гледам како вистински заштитник и мислам дека секоја жена тоа го очекува од својот партнер. Тој е мојот животен двигател и личност која бескрајно ме разбира и почитува“, изјави на времето вљубената Адријана за „Стори“.

Не можеше да претпостави дека музичарот ќе ја замени една година подоцна. По „Евровизијата“ одржана во Белград, неговото срце го освои Јована Јоксимовиќ, со која се’ уште е во брак и има три деца, синот Коста и ќерките близначки Срна и Ана.

Адријана, пак, ужива во хармоничен брак со Немања Симиќ.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.