Никој не ја прифаќа нејзината врска со бисексуален шаман: Принцезата се сели во Америка поради љубов!

По стапките на принц Хари

Поранешниот сопруг на норвешката принцеза, Ари Бен, кому му родила три ќерки, извршил самоубиство три години по разводот од Марта Луиз

Се чини дека сè е подготвена за селидбата на принцезата Марта Луиз и нејзините ќерки од родната Норвешка во Америка, за конечно да најдат мир и среќа.

Како што самата норвешка принцеза изјавила за тамошните медиуми, таа и нејзините ќерки ќе се преселат во САД, веднаш штом ситуацијата околу пандемијата на коронавирус ќе се смири малку.

„Секако дека децата доаѓаат со мене, но секогаш ќе ни остане нашиот дом во Ломедален. Мора да имаме дом во Норвешка, бидејќи често ќе патуваме таму. Не можеме целосно да ја напуштиме нашата прекрасна Норвешка“, открила 49-годишната принцеза која ја донела таа одлука поради љубовта со бисексуалниот шаман Дурек.

Поради актуелната здравствена ситуација, двојката се нема видено уште од Божиќ кога шаманот бил на посета во Норвешка и ги поминал празниците со нив.

Дека е вљубена и дека ја пронашла својата сродна душа, јавно го признала во мај, 2019 година.

„Неверојатно е кога ќе ја сретнеш својата сродна душа, а јас имав доволно среќа да ја најдам мојата. Шаманот Дурек ми го промени животот, исто како што ги промени животите и на многу други луѓе. Ми помогна да сфатам дека безусловна љубов навистина постои на овој свет. Ме прифаќа без непотребни прашања и стравови, ме смее повеќе од сите други“, рекла принцезата.

Инаку, норвешката принцеза има три ќерки, Мод Анџелика (17), Леа Исадора (15) и Ема Талулу (12), кои ги добила во бракот со Ари Бен. Двојката се развела во 2016 година, а во декември 2019 година Бен извршил самоубиство.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.