Леди Гага кажа „да“: Дали ви се допаѓа венчаницата во која пејачката е забележана во Рим? (ФОТО)

Венчавка со италијански шарм

Леди Гага е фотографирана во венчаница за време на снимањето на филмот „Куќата на Гучи“ во Рим. 

Популарната пејачка ја игра улогата на Патриција Реџани, поранешната сопруга на Маврицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „гучи“, која помина 18 години во затвор затоа што ангажирала платен убиец за да го убие својот поранешен сопруг во 1995 годинa.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by POPSUGAR (@popsugar)

Во филмот ќе бидат прикажани и сцени од свадбата Патриција и Маvрицио, а Гага за потребите на сцените носи венчаница.

Драмата, во режија на Ридли Скот, моментално се снима на локации во Италија, а фотографиите на Драјвер, Гага и Џаред Лето, кој го игра модниот дизајнер Паоло Гучи, дополнително ги заинтригираа обожавателите кои со нетрпение го очекуваат филмот.

Дали ви се допаѓа Леди Гага како невеста?

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.