Не може да биде полошо од ова: Мадона повторно на столбот на срамот – лицето ѝ е деформирано, а стајлингот катастрофален!

Скандалозно!

Поп-кралицата Мадона (63) последниве неколку месеци драстично го промени изгледот и неколку пати успеа да ја шокира јавноста со својата појава

На премиерата на својот концертен филм Madame X во Њујорк, Мадона сите ги изненадила со својот изглед по естетските зафати.

 

Со оглед на тоа што ги фотошопира објавите на социјалните мрежи, многумина се изненадиле од тоа како изгледа во живо.

На премиерата во четвртокот пристигнала во друштво на дечко ѝ Ахламалик Вилијамс (27), кој е помлад од неа цели 36 години.

Се појавила во црн корсет со длабоко деколте, бел градник и мини-сукња со шлицови.

На главата имала светкава круна со натписот „Е**и се“, а околу вратот ѓердан со пораката „Не им верувај на к*****е!“. Комбинацијата ја надополнила со афро-плетенки, футуристички очила за сонце и многу дискутабилен накит, кој подразбирал „смајлиња“ на ѓерданот.

Додека им позирала на фотографите на црвениот килим, дечко ѝ ја лижел по лицето!

Сепак, многумина најмногу се шокирале од тоа што Мадона во седмата деценија нема ниту една брчка. Благодарение на бројните зафати и затегнувања на лицето, постигнала неприродно испеглан изглед.

„Таа буквално ќе се распадне“, „Изгледа како вонземјанка“, „Тажно е за гледање“, „Се уништила“, се само некои од коментарите за нејзиниот изглед.

Да се потсетиме, Мадона на неодамнешното доделување МТВ награди исто така предизвика бурни реакции поради својот изглед, а особено поради нејзиниот задник, кој никогаш претходно не бил толку голем, поради што се шпекулира дека Мадона отишла на бразилско подигнување.

И сега, повторно е на столбот на срамот, бидејќи целиот свет повторно ја напаѓа.

Но таа никогаш не се грижела за туѓото мислење. Многу работи ги има направено прва. Можеме што сакаме да мислиме за неа, но едно нешто е сигурно: нејзе не ѝ е гајле, целиот живот го прави тоа што го сака.

Дали претерува? Да. Но тоа го прави цел живот – шокира и за тоа е створена!

Мадона или карикатура? Шокантно издание на поп-кралицата на доделувањето МТВ награди!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.