Слатка зелка без месо: Совршен ручек преполн со витамини!

Пробајте

Погледнете што можете да ставите во зелката за да добиете ручек преполн со витамини

Состојки:
  • 1 главица зелка
  • 2-3 моркова
  • 1 врзоп млад кромид
  • 5-6 чешниња лук
  • 1 целер
  • 2-3 компира
  • зелена пиперка (слатка и лута)
  • 1-2 домати (може и варени)
  • сув зачин
  • црвен пипер
  • 1 лажица брашно
  • масло
Приготвување:

Исечете ја зелката на покрупни коцки и ставете половина во тенџере, а зеленчукот исечете го на кругови или на коцки, па ставете го во средина на тенџерето врз зелката и покријте го со другата половина зелка. Додајте пиперки, целер или магдонос. Прелејте ги со вода до пола и ставете ги да се готват 45-50 минути. Додајте зачини и домати кога ќе се свари зелката.

Во тавче сипете малку масло, додајте брашно и лук. Пропржете малку, додајте црвен пипер и веднаш тргнете го од рингла и сипете го во зелката. Пробајте, па додајте сол ако треба. Исечкајте уште малку магдонос.

Оставете ја зелката да крчка уште една-две минути, па исклучете ја ринглата.

Добар апетит!

Најдобрата чорба за слабеење што ќе ве згрее и засити: Свежа зелка со зеленчук
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.