Мадона или карикатура? Шокантно издание на поп-кралицата на доделувањето МТВ награди!

Кралица на поп-музиката или кралица на шокот?

Со бизарниот стајлинг и некои телесни „надградби“, Мадона предизвикала бура на негативни коментари

Синоќа во Њујорк беа доделени престижните МТВ-видео и музички награди, а црвениот килим го окупираа некои од најпопуларните музички ѕвезди на денешницата. Но, сосема очекувано, појавата на Мадона на сцената предизвика масовна хистерија!

Поп-кралицата на бината се појавила во својот препознатлив стил: кожен секси корсет со огромно деколте и со врзување на грбот, со кој облекла и мрежести чорапи, лакирани салонки со вртоглаво високи потпетици и долги кожени ракавици и беретка.

Нејзиното еротично издание во стилот на доминатрикс ја запали масата, но вистинското шоу започна кога се заврте. Имено, задникот на Мадона изгледа сосема поинаку за разлика од сите претходни години – значително позаоблено и поголемо.

Социјалните мрежи набрзо ги преплавија фотографии од нејзиниот задник, но и шегите на таа сметка, а неизбежно е прашањето: што се случило?

Сосема возможно е Мадона да подлегнала на естетски зафат за зголемување на задникот, со оглед на тоа што со години прави корекции на лицето, поради што и изгледа толку младолико. Но тука е и опцијата дека станува збор за вештачки додатоци од гума или пластика, со оглед на тоа што славната дива е позната по тоа дека сака да ја интригира публиката на настапите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

„Каде и како задникот на Мадона стана олкав“, „Нејзината позадина изгледа пеколно тешко“, „Не можам да поверувам што си направила“, „Не очекував ваков задник“, „Сите знаеме дека никогаш не бил толкав“, „Направи потполна будала од себе“, „Ова е карикатура“, се само некои од коментарите.

Секако, тука се и оние што ја поддржуваат.

„Кажи ми дека си кралица на универзумот без да кажеш дека си кралица на универзумот“, е еден од низата комплименти на воодушевените фанови.

Да се потсетиме, славната 63-годишна пејачка често е критикувана поради употребата на филери и ботокс, бидејќи не само што изгледа помладо, туку нејзиното лице стана различно до таа мера што целосно е променет неговиот облик.

Еве како се појавила Мадона пред фотографите:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.