Ева Лонгорија споила две парчиња што сите ги имаме и изгледала беспрекорно: Ова се вика стил!

Погледнете

Не успеавме да ѝ најдеме ниедна замерка

Прекрасната актерка Ева Лонгорија, која со својот талент и убавина ги освои срцата на публиката пред 15 години кога играше во популарната серија „Очајни домаќинки“, повторно ги изненади своите следбеници на Инстаграм кога сподели фотографија на која е совршено облечена!

Ева облекла длабоки фармерки, кои се искинати на ногавиците и на рабовите. Горе одлучила да облече бела тесна маица, а на сето тоа додала и фантастично широко, беж сако, кое потполно се вклопило во нејзиниот стајлинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Од накит одлучила да додате златна белегзија и елегантен ѓердан, додека на нозете обула беж сандали со проѕирни ремчиња. Косата ја исфенирала брановидно, додека шминката била во нејзин препознатлив стил – зачадени очи и кармин со боја на вишна.

Како ви се допаѓа ова издание на прекрасната актерка?

Облекла секси фустан и покажала дека нема конкуренција: Кетрин Зита Џоунс е мајстор за совршени стајлинзи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.