Облекла секси фустан и покажала дека нема конкуренција: Кетрин Зита Џоунс е мајстор за совршени стајлинзи!

Ви се допаѓа?

Од оваа жена можеме многу да научиме за модата

Занесната Кетрин Зита Џоунс (51) и тоа како знае да привлече погледи на црвениот тепих.

Нејзиниот годинешен гламурозен стајлинг бил видно забележан на доделувањето награди Еми, што се одржа синоќа во Лос Анџелес. Убавата актерка носела заводлива креација на дизајнерката Кристина Отавијано со смел шлиц, која ѝ стоела совршено.

Одличниот стајлинг го надополнила со секси сандали на Кристијан Лобутин и со дијамантски ѓердан и обетки.

Кетрин играла на сигурно – огнената боја и дискретниот сексапил секогаш се добитна комбинација!

Џеј Ло во фустан во кој само едно копче држи „се’“!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.