НЕ Е МОНТАЖА: Некогашниот најголем холивудски фраер двојно ги зголемил килограмите, а причината е морничава!

Ова е навистина тој!

Конечно му се насмевна среќата на актерот Брендан Фрејзер, кој по подолга пауза, на 53-годишна возраст се враќа на малите екрани и тоа со улога во драмата Whale („Кит“)

Брендан Фрејзер (53) е актер кого најмногу го паметиме по улогата во филмот „Џорџ од џунглата“. Оттогаш го немаме видено со години. Никој не ни претпоставувал низ каква агонија поминувал овој актер.

Имено, во 1990-тите Фрејзер беше икона во Холивуд, а публиката ја освои со специфичниот шарм, автентичната појава и извајаните стомачни мускули. Споменатиот лик Џорџ го лансира овој холивудски актер меѓу ѕвездите во далечната 1997, но по многуте успешни децении, сепак, решил да го смири темпото на работа, а до скоро воопшто и не се појавуваше во јавност, ниту оствари значајни улоги.

Тој во 2010 година практично се повлече од светот на Холивуд и генерално се појавуваше само во помали остварувања или телевизиски серии.

Фрејзер призна дека влијателниот новинар Филип Берк, тогаш и претседател на Hollywood Foreign Press Association, го допирал по задникот и го злоупотребувал. И покрај тоа што не го гонел судски, сето тоа го пријавил во здружение. Сепак, неговите наводи биле потполно игнорирани, по што со години водел битка со депресијата.

„Ми беше лошо. Се чувствував како мало дете. Чувствував како да имам кнедла во грлото. Мислев дека ќе заплачам“, актерот си ја отворил душата, признавајќи дека тоа оставило трајни трауми на него.

Како што и самиот кажал, тој настан засекогаш му ги уништил кариерата и животот и оставил трајни последици на неговата самодоверба.

Сите забележуваат дека славниот актер денес изгледа потполно поинаку. Иако новата улога во споменатиот филм Whale изискува од актерот да има одредена тежина, многумина мислат дека дебелината е последица на злоупотребувањето низ кое поминал Фрејзер.

Тие што имале увид во првите кадри на овој филм велат дека Фрејзер е неверојатен и дека со нетрпение ја очекуваат премиерата, која ќе се случи оваа година во Венеција. Партнерка во овој филм му е Сејди Синк, која ја гледавме во серијата Stranger Things.

„Тоа ќе биде нешто што досега не сте имале можност да го видите“, рекол Фрејзер минатата година.

„Гардеробата, костимот… сè е беспрекорно, масивно… Ова е далеку поинакво од сè што сум сработел некогаш, но да не бидам скромен – знам дека ќе има голем одѕив кај јавноста.“

https://www.youtube.com/watch?v=SeGEVKwPrkw

Жарел и палел во Холивуд во 1990-те, кршел женски срца, а потоа исчезнал: Денес е непрепознатлив!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.