Жарел и палел во Холивуд во 1990-те, кршел женски срца, а потоа исчезнал: Денес е непрепознатлив!

Брендон Фрејзер

Публиката го засака како „Џорџ од џунглата“ и главниот јунак на „Мумија“, а денес изгледа потполно поинаку

Брендон Фрејзер (52) во текот на 1990-те важеше за една од најголемите холивудски ѕвезди. Се прослави со улогите во филмовите „Џорџ од џунглата“ и како главниот јунак на „Мумија“ каде што глумеше со Рејчел Вајс.

По големиот успех со споменатите филмски остварувања се повлече од Холивуд во 2010 година, иако продолжи со повремено снимање помали филмови и телевизиски серии. Никогаш повеќе не го достигна успехот од 1990-те.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vanidadesusa

Во едно интервју од 2018 изјавил дека Холивуд го ставиле на црна листа.

Подоцна раскажал дека сексуалното злоупотребување, пропаднатиот брак, депресијата и честите повреди ја уништиле неговата кариера.

Според неговите зборови, во 2003 година сексуално го вознемирувал влијателниот новинар Филип Берк, тогаш и претседател на ХФПА.

„Со левата рака ме фати за задник и ми бутна прст. Почувствував мачнина. Се чувствував како мало дете, како да имам кнедла во грло. Мислев дека ќе заплачам“, раскажал Фрејзер во едно од ретките интервјуа.

Тој тврди дека веднаш по инцидентот го напуштил хотелот и од срам поради непријатниот настан никогаш ништо не кажал никому, освен на својата сопруга. Се плашел и како тоа ќе се одрази на неговата кариера.

„Не сакав да се расправам со луѓето и да зборувам како се чувствувам или тоа да стане дел од мојата биографија. Станав депресивен. Се обвинував себеси и бев очаен, бидејќи самиот си кажував ‘не е тоа ништо, типот само ме допре’“, открил тој.

Подоцна сето тоа го пријавил во Холивудската асоцијација за странски медиуми, но неговите обвинувања биле игнорирани.

Берк жестоко ги отфрлил тврдењата на актерот и целата верзија на настанот ја нарекол измислица, а потоа престанале да го викаат Фрејзер на доделувања Златни глобуси и слични настани…

Меѓутоа, набрзо потоа, својот данок почнале да го земаат неговите претходни улоги. Фрејзер често сам ги снимал акционите сцени, без каскадери, па го повредувал ‘рбетниот столб.

Морал повеќе пати да оди на операција на грбот и колената, па дури и на операција на гласните жици.

Брендон денес има 52 години и целосно се променил, па многумина не можат да го препознаат на улица. Качил и многу килограми!

Од најголем шармер во 90-те до пропаднат актер: Тажната приказна на Метју Пери кој денес е непрепознатлив!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.