Славната ХОЛИВУДСКА АКТЕРКА откри дека ТРИПАТИ била силувана, а еднаш и забременила: „Години подоцна се сретнав со еден од силувателите и ЕВЕ ШТО МУ КАЖАВ“

Холивудската актерка Ешли Џад, која призна дека била силувана трипати, неодамна откри дека се запознала и разговарала со еден од мажите кои ја силувале, наведувајќи како му влегла во трага на напаѓачот и „седнала со него на лулашките покрај потокот “.

Оваа 54-годишна актерка била нападната и силувана во 1999 година, а неколку години по немилиот настан, се обидела да го пронајде напаѓачот, објаснувајќи дека тој многу лесно „излегол на површина“ и договорил средба со неа.

Завршивме на лулашките покрај потокот. Му реков: ‘Многу сум заинтересирана да ја слушнам приказната што ја носевте сиве овие години. И водевме разговор за ресторативната правда. Сакав да ја споделам таа приказна затоа што постојат многу начини за лекување од тага, а важно е да ги потсетам слушателите дека од него не ми беше потребно ништо“, вели актерката во подкастот Healing.

„Ми беше големо задоволство да видам дека длабоко се кае и дека се подобрил, бидејќи лекувањето од тага е внатрешен процес“, додава таа.

Водителот на подкастот нагласи дека луѓето „можеби не разбираат“ дека оваа тага се однесува на последиците од нападот. „Ја изгубивте својата невиност“, истакна тој.

Човек ја губи сигурноста. Го изгубив чувството за доверба“, одговори Ешли, која го обвини и осудениот Харви Вајнштајн за сексуална злоупотреба во 2017 година.

Актерката заклучила дека не ѝ требала соработката на нејзиниот силувач кога тој се согласил да одржи состанок, ниту пак тој „да направи нешто поинаку“:

Тоа е затоа што имав можност да поминам низ мојата траума за да се справам со мојата тага.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Judd (@ashley_judd)

Да потсетиме, Ешли во 2019 година призна дека останала бремена по едно од трите силувања, и одлучила да ја прекине бременоста. Актерката зборуваше за своето искуство во застапувањето на правата за абортус на панелот „Жените во светот“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.