Стриптизерка ги продава панталоните на принцот Хари: Таа открила детали од односот со него! (ФОТО)

Се надевам дека ќе заработи пари...

Поранешната стриптизерка од Лас Вегас, Кери Рајхерт сака да заработи на сеќавањето на бурната средба со принцот Хари во август 2012 година.

Таа се потсетила на вечерта во градот на гревовите кога го бакнала тогашниот 27-годишен член на кралското семејство. Кери за „Мирор“ рекла дека младиот Хари бил прилично „отворен“ кога се бакнале.

„Беше тоа обично мување на пијано. Не беше тука ништо романтично, само забавно“ – рекла егзотичната танчерка.

Се присетила како тогашниот војвода „свирел“ гитара држејќи во рацете стап за билијард кога пристигнала во неговиот апартман во луксузниот ресорт.

Принцот тогаш се најде на сите насловни страници на светот, бидејќи папараците го снимија потполно гол додека се забавува со жена во бикини која стои позади него.

Рајхерт која сега се вика Кери Ројал, рекла дека принцот Хари и подарил (кратки) панталони кои ги носел таа дива ноќ. Сега таа ги ставила на акција со фустан и бикинито која таа го носела, надевајќи се дека ќе се јави некој луд колекционер и дека ќе зработи околу еден милион евра.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.