Најтажниот говор на доделувањето „Златни глобуси“: Нејзините зборови го расплакаа целиот свет! (ВИДЕО)

„Ги немам неговите зборови...“

Смртта на актерот на 43 години го шокира светот пред шест месеци

Американскиот актер Чедвик Бозман постхумно доби награда за најдобар филмски актер во драма, шест месеци откако неговата смрт на 43 години по борбата со рак на дебело црево ги шокира обожавателите ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chadwick Boseman (@chadwickboseman)

Награден е за главната улога во филмот „Ма Рејни: Мајката на блузот“, а наградата во негово име ја примила неговата сопруга Тејлор Симон Ледворд.

Нејзиниот говор беше најемотивниот говор вечерта, а многумина на социјалните мрежи признаа дека се расплакале слушајќи ја, а плачеа и присутните ѕвезди што го слушаат говорот, меѓу кои и Рене Зелвегер.

Низ солзи рекла дека Бозман, кога би бил присутен, би му се заблагодарил на господ, на своите родители и семејство, како и на Волф и на колегите Глина Турман, Колман Доминго, Мајкл Потс, Тејлор Пејџ и Душан Браун.

„Тој би кажал нешто убаво, нешто инспиративно, нешто што би го зајакнал оној мал глас во сите нас што ни вели дека можеме и дека мораме да продолжиме понатаму“, рекла емотивната Тејлор.

„Ги немам неговите зборови, но мора да го искористиме секој момент за да ги славиме оние што ги сакаме“, додала таа.

„Мислев дека веќе го оплакав, но по овој говор сфатив дека имам уште солзи за Чедвик“, „Само ова вредеше да се гледа на доделувањето“, „Ова беше еден од најдобрите говори што некогаш сум ги слушнал“, „Ова беше неверојатно“, „Ги немам неговите зборови. Една од најтажните вистини за губењето сакана личност“, „Ме расплака“, коментирале твитерџиите.

Во продолжение погледнете го говорот што расплака милиони…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.