Романтична одисеја со новата колекција на Amouage, RENAISSANCE

Почетокот на новата ера во историјата на брендот Amouage , ја одбележува колекцијата Renaissance која сочинуваат четири мириси, Enclave, Crimson Rocks, Ashore i Meander. Наоѓајќи инспирација во матичната земја на брендот, Султанатот Оман, овие софистицирани креации на различни мириси ги создадоа меѓународните познати парфимери, Domitille Michalon-Bertier (Crimson Rocks), Mackenzie Reilly (Ashore and Meander) и Julien Rasquinet (Enclave).

“Amouage е познат по креирање на најфините парфеми на светот повеќе од три децении.

Продолжувајќи да се гради приказната на оваа основа, желбата е брендот да се поведе низ нови истражувања, на пат кој ќе не однесе кон откривање на нови аспекти на мирисите на брендот”. – изјави Renaud Salmon, новиот Amouage Experience Officer. Одлучив да дебитирам со оваа епска мирисна одисеја со колекцијата Renaissance – Ренесанса, ново раѓање“.

Колекцијата Renaissance е инспирирана од магичната природа во Оман која го одзема здивот, ги доловува живописните контури на пејзажот, боите и целата нивна убавина.

Освен фасцинантнитте мириси, право уметничко дело се прекрасните бои и кутиите на шишињата.

Парфеми на колекцијата Renaissance се: Crimson Rocks, Ashore, Meander i Enclave.

Crimson Rocks потсетува на величественоста на планината Ал Хајар на зајдисонце.

Ashore со својот мирис отсликува фатаморгана на сетилата на крајбрежјето на Ras Al Jinza, на средина на летото, осветлено од сончевите зраци.

Meander потсетува на најјужниот дел на Оман, Khareef, во текот на сезоната на монсуни, возбудливо чувство во земјата на маглата, бујните и зелени планини и планинските потоци.

Enclave софистицирано ја прикажува свежината заробена во зајдисонцето на фјордовите на Musandam.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време
X