Најискреното интервју на принцезата Дајана за Камила Паркер: „Во нашиот брак отсекогаш бевме тројца!“ (ВИДЕО)

Брак во тројка

Не престанува да се шпекулира за бракот на принцезата Дајана и британскиот престолонаследник

За турбулентниот брак на принцезата Дајана и принц Чарлс, како и за нивниот скандалозен развод, ни денес не престанува да се шпекулира.

Некои факти станале познати по разводот, а Дајана многу работи открила и во своите дневници, кои биле објавени по нејзиното трагично загинување во Париз.

Она што денес не може да се оспори, а британскиот двор и принцот Чарлс со години се обидувале да го сокријат, е фактот дека Камила Паркер Боулс била „третото тркало“ во бракот на престолонаследникот и Лејди Ди.

Чарлс никогаш не престанал да ја сака Камила, а бракот со Дајана бил еден вид параван и општествена норма што морал да ја исполни, бидејќи Дајана била „добра прилика“ за идниот крал.

За тоа што искрено мисли за Камила Паркер и дали таа навистина е виновна за распадот на нивниот брак, принцезата Дајана говорела многу директно и отворено во едно интервју.

Слушнете ги нејзините зборови.

Најголемото понижување за Камила Паркер: Еве што ѝ направила кралицата Елизабета!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.