Не сакате црвени, златни и пастелни декорации? Украсете го домот за новогодишните празници без претерување и шаренило!

Одлични идеи

Вашиот дом ќе изгледа како од списание

Доколку не сакате вашиот дом да биде исполнет со разни бои за празниците, можете да добиете импресивен резултат само ако се водите по принципот „најдоброто од природа“.

Елката и украсите нека бидат вистински за добиете елегантна нота. Пред да ја накитите куќата со природни гранчиња, потопете ги во када прекуноќ за да впијат што повеќе вода. Благодарение на тој трик, декорацијата може да ви трае недела-две подолго од вообичаено. Покрај тоа, два пати неделно прскајте ги сите венчиња и гирланди со прскалка со вода.

Можете да најдете окер кадифена лента со која ќе направите панделки насекаде во домот, а елката да ја украсите со лампиони во бела боја и една ѕвезда на врвот. Новогодишните декорации не мора да подразбираат еден куп шаренило и кич мотиви.

Освен тоа, за празниците можете привремено да ги замените уметничките дела. Купете повеќе слики со зимски мотиви, кои привремено ќе ги изложите како декорација. Многу лесно и евтино ќе добиете уште една димензија на декорациите, што ретко кому му текнува.

Доколку сте љубител на минимализмот и не сакате да комплицирате, внимателно истражете како со минимален влог можете да постигнете максимален ефект на божиќна еуфорија и топлина.

Следниве декорации несомнено ќе ви послужат како инспирација…

Бидете поинакви и украсете го домот на кралски начин: Најубавата празнична декорација во виолетова боја
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.