Едноставно неодоливи: Ова се најмалите и најслатките кучиња на светот!
Домашни миленици
Ако некогаш сте се запрашале која кучешка раса е најмала на светот, еве го одговорот
Невозможно е да им се одолее! Ова се најслатките минијатурни раси на кучиња…
Померанец
Ова е нежно и мило куче кое ќе биде совршено домашно милениче за семејствата што живеат во стан и немаат многу простор. Има многу специфично крзно кое личи на кадифена играчка. Станува збор за една од најпопуларните раси на светот, а интересно е тоа што се многу храбри и не се плашат ни од многу поголеми кучиња.
View this post on Instagram
Чивава
Чивавата има специфичен карактер, а тежи помеѓу 0,5 и 2,5 килограми. Името ѝ потекнува од мексиканскиот град Чивава. Иако е многу минијатурно, ова куче му е лојално на сопственикот, а знае да биде многу заштитнички настроено, па понекогаш многу лае. Чивавата е верен пријател, срдечен и полн со љубов за сопственикот.
View this post on Instagram
Руско џуџесто куче
Активно, весело и разиграно куче. Тежината не им надминува 3 килограми, а може да живее помеѓу 12 и 15 години.
View this post on Instagram
Џуџеста пудлица
Најкраткиот опис за пудлицата е дека е интелигентно, приврзано и мирољубиво куче. Потребна му е специфична нега на влакната, но затоа возвраќа со бескрајно љубов. Важно е да знаете дека ова куче може да се чува само во домашни услови, бидејќи е многу чувствително.
View this post on Instagram
Бишон
Бишонот во превод од француски јазик значи тркалезно кадраво куче, а тежи помеѓу 3 и 5 килограми. Бишонот е семејно куче, бидејќи е лојално, дружељубиво кон децата, но и кон другите животни. Негова препознатлива карактеристика е пуфкастото бело крзно кое изискува редовно четкање.
View this post on Instagram
Мопс
Мопсот е куче што личи на играчка, има сплескано лице и муцка, целото е со брчки и опавчето му е извртено. Оваа симпатична кучешка раса има харизматичен карактер, пријателски е настроено и по малку смешно. Има убаво, сјајно влакно кое може да има различна боја, и мускулесто мало тело што го прави уникатен.
View this post on Instagram
Ши-тцу
Ши-тцу е семејно куче, кое добро се согласува со мали деца, а уште го нарекуваат и мини лав. Има дупло, слоевито, густо влакно, кое треба секојдневно да се четка. Пријателски е настроено, дружељубиво е со други животни, па може и да живее со нив во ист стан или куќа.