Не издржале долго: Бремената принцеза Јуџин и нејзиниот сопруг се иселиле од поранешната резиденција на принц Хари и Меган?

Само еден месец по вселувањето

Внуката на кралица Елизабета изгледа не сака да живее повеќе во некогашниот дом на војводата и војвотката од Сасекс

Бремената принцеза Јуџин, внуката на британската кралица Елизабета, со својот сопруг Џек Бруксбенк ја напуштиле поранешната британска резиденција на принц Хари и Меган Маркл само шест недели откако се вселиле.

Парот се вратил во својот поранешен дом во Кенсинготнската палата. Претставник за односи со јавност на Сасекс потврдил дека принцезата и Џек се иселиле.

Фрогмор Котиџ е резиденција во Виндзор што принц Хари и Меган Маркл ја добиле од кралицата како свадбен подарок, а за реновирањето на куќата со пет соби потрошиле околу 2.3 милиони фунти преку даночни обврзници.

Војводата и војвотката од Сасекс својот долг на даночни обврзници го исплатиле на почетокот на септември, а ги обновиле сите електрични инсталации, почнувајќи од греењето до преуредување на бањата и правење соба за јога.

И покрај тоа што се откажале од кралските должности и започнале самостоен живот во Канада, оваа резиденција и понатаму се води како нивен имот.

Принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг склопиле приватен договор со војводата од Сасекс и на почетокот на ноември официјално се преселиле во Фрогморе.

Имотот изгледал како идеално место за семејство што чека принова. Принцезата и Џек ќе станат родители кон крајот на пролетта 2021 година.

„Фрогмор е приспособен на вкусот на Меган и Хари, имајќи го на ум и нивниот син Арчи, така што тоа е совршено место за пар што ќе има дете“, открил еден извор.

Во близина на имотот живеат родителите на принцезата Јуџин, принц Ендру и Сара Фергусон, како и кралицата Елизабета и принц Филип, кои живеат во дворецот Виндзор.

Принцезата е бремена, цела палата слави: Кралицата Елизабета ќе добие уште едно правнуче!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.