Принцезата е бремена, цела палата слави: Кралицата Елизабета ќе добие уште едно правнуче!

Прочитајте за кого станува збор

Правнуката на кралицата Елизабета Втора, Зара, веќе има две девојчиња, а поради абортусите за кои зборуваше и јавно, бременоста во 39-та година ѝ е уште позначајна

Зара Тиндал, правнуката на британската кралица Елизабета Втора, очекува трето бебе.

Зара е ќерка на принцезата Ана и на Марк Филипс, и оваа среќна вест ја открила во подкастот The Good, The Bad & The Rugby, во кој учествувала како гостинка.

„Ова беше добра недела. Бев на ултразвук. Третото бебе Тиндал е на пат!“, изјавила пресреќната принцеза Зара.

Зара и 42-годишниот сопруг Мајк, поранешен професионален рагбист, веќе имаат две девојчиња, 6-годишната Миа Грејс и 2-годишната Лена Елизабет, а во брак се од 2011 година.

Зара повеќе пати зборувала за проблематичните бремености и двата абортуса кои ги доживеала, поради што веста за бременоста во 39-та година за неа е уште е позначајна.

Две трудници во семејството

Нивното бебе ќе биде во добро друштво, бидејќи во кралското семејство во 2021 година ќе пристигне уште едно дете. Принцезата Јуџин, ќерка на принц Ендру и на Сара Фергусон, заедно со сопругот Џек Бруксбенк објавиле дека очекуваат бебе.

Кралицата Елизабета инсистира оваа домашна обврска да ја прави сама иако има илјада слуги
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.