„На мене и Дача воопшто не ни одеше“: Беквалац искрено открила што мисли за поранешниот сопруг и неговата втора жена!

Не им одело

Пејачката открила зошто не се согласувале и каков однос има поранешниот ватерполист со сегашната сопруга

Тие беа еден од најпопуларните парови на јавната сцена, а кога одлучија да се разведат, јавноста беше шокирана.

Пејачката Наташа Беквалац и ватерполистот Данило Икодиновиќ, од долгогодишната врска а подоцна и брак, ја добија ќерката Хана, и токму поради неа, по разводот останале во добар и здрав однос.

„Феноменално е тоа што јас и Дача го тргнавме на страна сето тоа што беше лошо, а го задржавме она што е добро“, изјавила Наташа, а потоа објаснила и што не им одело во нивниот однос:

„На мене и на Данило, навистина не ни одеше како маж и жена, ама воопшто не ни одеше! Ние не сме компатибилни партнери, но добри сме како родители. Затоа тој е компатибилен со својата сегашна партнерка и е среќен, а јас сум сама“, низ насмевка изјавила пејачката.

Наташа Беквалац заплови во водите на нов бизнис: За неа нема зима
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.