Наташа Беквалац заплови во водите на нов бизнис: За неа нема зима

Ѝ пропадна бизнисот со изнајмување на салашот

За Наташа Беквалац нема зима, таа умее да заработи и кога цела естрада кука дека нема пари.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Штом почна пандемијата на коронавирусот и прекинаа настапите, таа се исели од салашот во близина на Нови Сад и почна да го изнајмува по цена од 1.000 евра. И убаво си живееше од киријата, но дојде зима и секна и бизнисот со изнајмувањето недвижнини…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 22:22 House (@22.22house)

Затоа Ната се преориентира на шминката, па во соработка со еден козметички бренд, дизајнира сопствена линија на сјаеви и кармини за усни…

Се’ повеќе јавни личности имаат сопствени козметички линии што се покажа како вистински погодок. Па така една козметичка куќа ја ангажира Ната за новата колекција, а нејзе ангажманот ѝ се допадна од повеќе причини. Ем ѝ го надополни домашниот буџет, ем ќе добие процент од новите сјаеви и кармини како што ќе се зголемува нивната продажба. А патем може и да си игра со боите и да трага по нови текстури на шминки. Моментално постојат околу 19 сјаеви за усни, а не е исклучено да се појави и нова колекција на шминка“, раскажува нејзина блиска пријателка за магазинот „Свет“ и додава дека на Емина Јаховиќ и Маја Беровиќ ова дефинитивно не им оди во прилог бидејќи имаат свои колекции.

Фото: Инстаграм, Рајко Ристиќ за „Свет“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.