Истражување откри зошто малите раси на кучиња живеат подолго од големите! Некои фактори се клучни

Анализирани 25.000 кучиња, вклучувајќи 238 раси!

Секое убаво на свој начин!

Научниците открија зошто малите кучиња ги надживуваат големите.

Во студија на Универзитетот во Вашингтон објавена во научното списание PLOS ONE, истражувачите дознаа дека поголемите раси имаат тенденција да имаат посериозни болести. Сепак, експертите не можеа да објаснат зошто, пишува NY Post.

„Овие резултати даваат увид во категориите на болести кои можат да придонесат за намален животен век кај поголемите кучиња и предлагаат повеќе начини за понатамошно истражување“, велат авторите на студијата, во која се анализирани 25.000 кучиња, вклучувајќи 238 раси.

Студијата покажа дека поголемите кучиња се склони кон рак, болести поврзани со коските, гастроинтестинални проблеми, невролошки и ендокрини состојби, проблеми со увото, носот и грлото и заразни болести.

Во меѓувреме, помалите кучиња имаат поголема веројатност да страдаат од проблеми со очите, срцето и дишните патишта, како и од болести на црниот дроб.

Сепак, големината не влија значително на појавата на болести на бубрезите и уринарниот тракт.

Фото: Shutterstock

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.