На вулгарностите им нема крај: Одвратно, непристојно и дрско – интервјуто со Џенифер Анистон што ги разгневи Американците! (ВИДЕО)

Валканиот Холивуд

Откако неодамна се обрна внимание на малтретирањето на кое Бритни Спирс со години била изложена од страна на медиумите, како и непријатностите на кои ги изложувала своите гости познатата водитела Елен Деџенерес, испливаа сè повеќе непријатни ситуации во кои биле ставени познатите личности од страна на новинарите

Документарниот филм Framing Britney Spears, кој беше објавен на почеток на февруари, не престанува да ја интригира американската јавност, пред сè поради начинот на кој тамошните медиуми ја прикажувале пејачката, непријатните ситуации во кои ја доведувале без никаква причина и однесувањето што не било пристојно.

Таа, меѓутоа, не била единствената! На социјалните мрежи луѓето се потсетуваат на сè повеќе интервјуа во кои жените од светот на славните биле изложени на нешто што очигледно им пречи, и сето тоа поради рејтинг! Една од последните на кои се сетиле обожавателите е актерката Џенифер Анистон, која во 1998 година гостувала во емисијата на Дејвид Летерман и доживеала нешто што сигурно не го очекувала.

Имено, ѕвездата од серијата „Пријатели“ дошла за да го промовира својот нов филм „Предмет на мојата наклонетост“, а само неколку минути подоцна, водителот седнал зад неа и рекол:

„Извини ако ова е непристојно, сакам нешто да пробам“, ѝ ги ставил рацете на вратот, потоа ставил прамен од нејзината коса во уста и го излижал, иако актерката се спротивставила.

Џенифер ја избришала плунката од косата со марамче и изгледала шокирано поради ваквиот бизарен потег.

На социјалните мрежи може да се прочитаат бројни негативни коментари на сметка на Летерман, а помеѓу другото, неговото однесување е оценето како „дрско, лигаво и одвратно“.

Во продолжение погледнете го нејзиното гостување…

Џенифер Анистон наполни 52 години осамена и тажна: Еве зошто!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.