На луѓето не им е сеедно кога ќе ја сретнат на улица: Свршеникот тврди дека никогаш не правела операција на лице!

Жена мачка

Богатството што го стекнала од разводот со првиот сопруг, го потрошила на пластична хирургија

Џослин Видлстајн (80), која е попозната под прекарот жена мачка, шокира со својот изглед каде и да се појави.

Оваа необична богаташка се ја повила во средата на отворањето на бутик во Мајами со својот свршеник, модниот дизајнер Лојд Клејн (53). Џослин привлекла внимание, како и секогаш, поради застрашувачкиот резултат од пластичните операции на лицето.

Парот се свршил во 2017 кога Џослин го покажала својот прстен со дијамант од 32 карати вреден милиони, а врската ја започнале пред повеќе од 15 години. Планирале венчавка во 2018, но сè уште не го кажале судбоносното „да“.

Џослин се прославила во 1990-те кога се развела по 21 година брак од познатиот трговец со уметнички дела, Алек Видлестајн, а во судскиот спор ѝ припаднале повеќе од две милијарди. И покрај тоа што е јасно дека Џослин имала бројни операции, нејзиниот свршеник тврди дека тоа не е вистина.

„Не знам зошто медиумите го пишуваат сето тоа и зошто започнаа со тој прекар жена-мачка, бидејќи Џослин отсекогаш изгледала така. Навистина никогаш ништо не направила со своето лице. Имам нејзини фотографии стари 16 години, кои покажуваат дека изгледала исти како денес“, раскажал Лојд.

Инаку, парот во 2016 година го привлекол вниманието на јавноста кога биле уапсени по бурна караница. Сепак, потоа ја обновиле врската. Според американските медиуми, на Џослин од богатството стекнато од разводот ѝ останале само 10 милиони долари.

Ниту еден дел од нејзиното тело не е природен: Поради бројните операции веќе не личи на човек од оваа планета!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.