Интересна и необична идеја за ручек: Пригответе домат хармоника!

Добра храна

Изненадете го семејството со ова несекојдневно јадење

Состојки:
  • 5 крупни домати
  • 450 г мешано мелено месо
  • 1 помал страк праз
  • 1 лажиче пипер
  • 1 чешне лук
  • бибер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Доматите се мијат, па со нож со рамно сечило секој домат се засекува шест пати.

2. Празот се чисти и се сечка на коцки, лукот се пасира.

3. Во сад се поврзуваат мешаното мелено месо, пасираниот лук, празот и пиперот. Се посолува и забиберува по вкус. Состојките добро се мешаат со рака, за да се добие компактна смеса.

4. Од приготвената смеса со намрсени раце се обликуваат помали топчиња, во големина на орев.

5. Во секој засек од доматите се става по едно топче и нежно се втиснува, да се припие на пулпата од доматот.

6. Плехот се обложува со хартија за печење и се попрскува со масло, па во него се ставаат полнетите домати. Се печат во загреана рерна на 200°Ц, додека овенат доматите.

Извор: Добра храна

Вкусен деликатес: Дали сте пробале рататули со домати?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.