Вкусен деликатес: Дали сте пробале рататули со домати?

Одличен ручек

Рататули приготвено на наш начин!

Состојки:
  • 1 модар патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 2 средни домати
  • 1 главица виолетов кромид
  • маслиново масло
  • сол

За сосот:

  • 500 г зрели домати
  • 30 мл маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • малку босилек
  • сол

Приготвување:

1. Прво се приготвува сосот. Доматите се сечкаат на коцки, лукот се чисти и се пасира, па сето тоа заедно се соединува во тенџере. Се додаваат маслиновото масло, босилекот и малку сол по вкус, па се вари на умерена температура десетина минути откако ќе зоврие. Потоа сосот се миксира.

2. Модриот патлиџан, тиквичката и доматите се мијат, па заедно со кората се сечкаат на крукчиња со ширина од 5 мм. Виолетовиот кромид се чисти, па и тој се сечка на крукчиња со иста дебелина.

3. Во огноотпорен сад се става сосот, па преку него наизменично се редат крукчињата од патлиџанот, тиквичката, доматот и кромидот, така што на краевите ќе се преклопуваат.

4. Зеленчукот се прска со маслиново масло и се посолува. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 40 минути, додека омекне.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.