Спас во последен час: Помош при прејадување

Доаѓа еден од најубавите периоди во годината – новогодишните и божиќните празници. Сите со нетрпение ги очекуваме, да се опуштиме со блиските во пријатна домашна атмосфера, околу богатата празнична трпеза.

Но често знаеме да посегнеме малку повеќе по вкусната храна и алкохолот и да претераме.

Ако ви се случува само понекогаш, тогаш нема причини за аларм, но доколку редовно се прејадувате, особено за време на празниците, тогаш телото почнува поинаку да го перципира чувството за ситост. Кога малку ќе претераме со храната, доаѓа до логичен одговор на организмот (гасови, ждригавица, чувство на умор…).

Ако тоа ви се случува редовно за време на празниците, тоа значи дека вашиот организам е преоптоварен со храна и затоа ви се слошува, чувствувате гадење и нагон за повраќање. Добрата вест е што истражувањата покажаа дека постојат природни помошници без негативен ефект, како што е екстрактот од ѓумбир.

Ѓумбирот има непроценлив придонес за намалување на чувството на непријатност, придружено со гадење и повраќање. Неговата употреба е безбедна, а неговата ефикасност ја покажаа многубројни студии, во кои биле вклучени деца и возрасни.

ПОСТОИ РЕШЕНИЕ
За подобро функционирање на дигестивниот тракт и за „полесен“ желудник, потребно е да се внесе повеќе ѓумбир од количеството што го внесуваме со храната. Истражувањата покажаа дека за целосен ефект потребната доза е еквивалентна на 1.000 мг ѓумбир во прав.

Antimetil® се мали, мазни обложени таблети, кои лесно се голтаат. Секоја таблета содржи 50 мг стандарден сув екстракт од ѓумбир, што е еквивалентно на 500 мг ѓумбир во прав. Благодарение на природниот состав, Antimetil® е идеално решение за благосостојба на желудникот, а исто така е погоден и за намалување на чувството на непријатност предизвикано од гадење и повраќање, кај возрасни и деца постари од три години.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.