Мистерија од која се заледува крвта: Повеќе од 70 години никој не може да објасни што се случило со овие деца! (ВИДЕО)

Неверојатно!

Американскиот сон на ова семејство се претворило во кошмар кој и ден денес никој не може да го објасни

Џорџ и Џени Сондер, италијански мигранти, живееле во Западна Вирџинија, во голема куќа со своите девет деца. Биле обично семејство на доселеници кои го оствариле својот „американски сон“, по ништо различни од милион други.

Бадник 1945 година. Таткото и мајката отишле во кревет со 2-годишното девојче Силвија, додека нивните поголеми деца Морис (14), Марта (12), Луис (9), Џени (8) и Бети (5) останале будни и се играле.

Најстарите синови, Џон (23) и Џорџ Јуниор (16) веќе заспале по целодневна работа. Најстарата сестра Марион ги чувала своите помали браќа и сестри додека не заспала.

Пожар!

На Бадниковата вечер 1945 година, заспаните членови на семејството Содер се разбудиле поради мирис на час. Откако си дошле при себе, сфатиле дека целата куќа гори!

Таткото и мајката успеале со четирите деца да побегнат од дома, но петте помали дечиња останале во куќата која потполно изгорела. Сепак, по деталната истрага, не било пронајдено ниту едно тело.

Тогашната полиција сметала дека ова е невозможно, бидејќи куќата изгорела премногу брзо за телата на несреќните деца да бидат кремирани и го прогласиле случајот за киднапирање.

Семејството поставило билборди, биле вклучени и медиумите, дури била распишана и награда за оној што ќе пријави некаква информација, но од децата се изгубила секаква трага!

Неверојатна трага

А потоа, 20 години по пожарот, во 1967 година, семејството Содер по пошта без повратна адреса добиле фотографија. Се чинело дека на неа бил Луис, нивниот син кој наводно изгорел во пожарот заедно со браќата и сестрите.

На позадината пишувало: „Луис Содер. Го сакам брат ми Френки. Или момчињата А90132 (или А90135).

Несреќните родители се обиделе повторно да ја истражат судбината на своите деца, но умреле не откривајќи што навистина се случило.

Билбордите што ги поставиле сè уште може да се најдат на патиштата во Западна Вирџинија. Од целото семејство Содер, денес е жива само најмладата ќерка Силвија. Таа и нејзините деца се стремат приказната за тоа што им се случило на нејзините браќа и сестри никогаш да не биде заборавена.

Погледнете го документарецот за трагичната судбина на ова семејство…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.