10 славни личности со најголем коефициент на интелигенција: Еве кои се вистински генијалци меѓу ѕвездите!

Ќе се изненадите!

Дознајте кои славни личности имаат највисок коефициент на интелигенција

Славните личности често добиваат бројни предрасуди поради работата со којашто се занимаваат, па ретко кој ги смета за интелигентни. Но всушност, постојат и гении меѓу нив.

Лиза Кудроу – 154

Иако нè смееше со улогата на откачената Фиби во серијата „Пријатели“, покрај тоа што е одлична актерка, таа е и брилијантен ум. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 154, па би можела да стане член на „Менса“.

Мет Дејмон – 160

Холивудскиот заводник Мет Дејмон (50) е паметен како ликот Вил Хантинг што го глумеше во филмот „Добриот Вил Хантинг“, чие сценарио и го напишал. Идејата за сценариото на овој филм ја добил како студент на Харвард, каде што одел на курс по драматургија. Проектот го реализирал со најдобриот пријател Бен Афлек, а ги напуштил студиите за да ѝ се посвети на актерската кариера.

Арнолд Шварценегер – 135

Арнолд (73) е познат по истрајноста и мотивациските говори, а иако многумина го исмејуваат поради неговиот акцент и го ставаа во калапот „глупав мускулест маж“, славниот терминатор во младоста докажал колку е интелигентен.

Мадона – 140

Иако Мадона (62) поради своето однесување не остава впечаток на паметна личност, нејзиниот тест за интелигенција го докажува спротивното. Зад нејзините костими и лудости, се крие една паметна личност.

Шакира – 140

Шакира (43) со својот заводлив танц со години го маѓепсува машкиот пол, но зад игрите, се крие брз ум и паметен начин на размислување. Колумбиската пејачка на само 4 години ја напишала првата своја поезија, додека на 8 ја напишала првата песна.

Квентин Тарантино – 160

Американскиот режисер, продуцент и актер кој ги потпишува некои од омилените холивудски филмови, има висок коефициент на интелигенција, иако не матурирал во средно училиште. Неговиот коефициент е, верувале или не, ист како и кај славниот научник Стивен Хокинг!

Шерон Стоун – 154

Ѕвездата на филмот „Основен инстинкт“ не е само убава и атрактивна, туку и неверојатно интелигентна. Таа на 15 години била наградена со стипендија која ѝ овозможила да студира на еден пенсилваниски Универзитет, а студирала креативно пишување. Секси актерката е жена од соништата!

Синди Крафорд – 154

Иако супермоделите се соочуваат со предрасуди дека не се паметни, Синди Крафорд (54) е доказ дека убавината и паметот одат заедно.

Силвестер Сталоне – 160

Силвестер Сталоне (74) кој се прославил со улогата на Роки, покрај со мускулите и со боречките вештини, може да се пофали и со многу висок коефициент на интелигенција. По тешката младост, му дошла идеја за сценариото за филмот „Роки“, па го уценил студиото кое го снимало филмот дека мора да ја толкува главната улога. Покрај интелигенција, често покажува и снаодливост во животот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.