Симпатично катче за штотуку родените бебиња

Пред раѓањето на бебето, освен набавката на некои најосновни работи, би требало да се подготви или барем да се размислува за соодветна соба или простор за неа.

Најдобро е, ако можете, на детето да му обезбедите посебна соба. Таа треба да биде во близина на вашата, за да ви биде полесно кога станувате ноќе.

Во почетокот сепак најдобро и најзгодно е бебето да биде во вашата соба. Како и да одлучите, морате да обрнете внимание на некои основни работи.

Најважно е собата, односно просторот во кој престојува бебето да биде сончев и да има можност за добро проветрување, бидејќи квалитетот на воздухот е многу важен.

 

НАЈВАЖНО Е БОЈАДИСУВАЊЕТО

Собата бојадисајте ја и одржувајте ја беспрекорно чиста. Би било идеално прозорците во собата да бидат свртени кон југ, југозапад или југоисток, за да бидешто подолго време изложена на сонце. Подовите не прекривајте ги со теписи, бидејќи собираат многу прашина.

Предвид доаѓа само помала простирка, која може да се пере во машина. Завеси на прозорците обично не се препорачуваат бидејќи претставуваат легло за прашина и бактерии. Лете се корисни мрежи на прозорците за да се спречи влегувањето на муви и комарци.

ОСВЕТЛУВАЊЕ НА БЕБЕШКАТА СОБА

Осветувањето игра важна улога: би било добро бебешкото катче или соба да биде најосветлено во станот, ако постои можност за тоа. Визуелниот контакт со надворешната средина е исклучително важен за психолошкиот и социјалниот развој на детето – затоа е пожелно бебето низ една третина од прозорскиот отвор да гледа дел од небото.

Поради таа причина, при поставувањето на креветчето обрнете внимание на неговата положба во однос на прозорецот. За да го заштитите детето од силните сончеви зраци, односно од блесокот, поставете роло-завеси.

 

МЕБЕЛОТ ВО БЕБЕШКАТА СОБА

При изборот на мебелот за бебешката соба, без обѕир на тоа дали купувате готов во салон или планирате да нарачате работен по ваша замисла и по мерана просторот, секогаш одбирајте ги оние елементи што може да се употребуваат и на постара возраст, бидејќи тоа е многу поекономично за домашниот буџет.

Плакарите, полиците, комодите за облека… може да послужат и за поголемо дете. Впрочем, може да се употребат и веќе постојните парчиња мебел, кои со мали дотерувања и преправки ќе изгледаат сосема пристојно.

КРЕВЕТЧЕ – НОВО ИЛИ КОРИСТЕНО?

Креветчето е неопходно за бебето, и тоае главно ново парче мебел во домот. Меѓутоа, и наследеното креветче може комотно да се употреби, ако се подготви на соодветен начин. Потребно е добро да се исчисти и да се отстрани бојата однего ако сакате повторно да го обоите или лакирате.

Меѓутоа, најважно од сe’ е креветчето да биде стабилно и рабовите да се заоблени, за да не дојде до повредување на бебето. Што се однесува до самата конструкција, постојат одредени разлики.

Некои креветчиња, на пример, имаат страна што се поместува, што е добро во подоцнежниот период, кога детето ќе прооди и малку ќе го надрасне креветчето. Исклучително е важно душекот да биде нов, цврст и квалитетен – на тоа треба да обрнете посебно внимание!

ИДЕАЛНО МЕСТО

Од сигурносни причини креветчето не би требало да го поставите под прозорец, но ниту под некој кабаст мебел, како што се полиците. При купувањето на креветчето водете сметка да нема непотребни остри украси и растојанието помеѓу пречките да не е преголемо (не повеќе од 6 см). Душекот мора да биде цврст, постелнината памучна, а перница не се препорачува.

КОМОДА ЗА ПРЕПОВИВАЊЕ

Ова е уште едно новопарче мебел во станот, иако не е неопходен. За тоа може да послужат и други елементи: масичка со соодветна висина, на која се поставува мека ткаенина, двосед, брачен кревет и слично.

Пултот за преповивање е попрактичен за користење, бидејќи зазема помалку место, а може да се фиксира за креветчето или за друг елемент. Издигнатите и заоблени рабови обезбедуваат сигурност и го штитат бебето од повреди.

Пултот е преслечен со ткаенина, која се одржува едноставно, а на бебето му нуди удобност. Постои голем избор на дезени, така што ова парче лесно може да се вклопи во општиот имиџ на собата.

На фотографијата е пулт со мека подлога и со систем што спречува паѓање, комплет за бањање со две анатомски седишта (едното навалено седиште за бебиња од 0 до 6 месеци, а другото со ракодржач за деца од 6 до 12 месеци), оддели за држење сунѓер и сапун, чеп со славина за испуштање вода, полици со држачи за шишенца, тркалца со кочница и рачки за носење.

БОИ ЗА ЅИДОВИТЕ

При изборот на бојата за бебешката соба, дури и ако го знаат полотна бебето, идните мајкиво последно време често се определуваат за модерни неутрални бои наѕидовите и на мебелот, кои би одговарале и за момченце и за девојченце. Тоа е одличен избор, особено ако бебето подоцна собата ја дели со братче или сестричка. Некои мајки сепак повеќе сакаат да се држат до традиционалните бои – за девојче розова или виолетова, за момче сина или зелена.

И во овој случај, пред мајките има навистина голем избор во поглед на уредувањето на детската соба.

Боите со кои се бојадисува собата за бебето треба да бидат без мирис и еколошки. Некои производители имаат посебна линија производи на кои е наведено дека пред се’ се наменети за употреба во детски соби.

КОМБИНАЦИИ

Комбинирањето повеќе нијанси од иста боја би можело да биде одличен избор за бебешката соба.

Туфни, линии, облачиња, или едноставно – секојѕид во различна боја – постојат многу начини на кои можете да ги комбинирате боите на ѕидот.

Бојадисувањето или лепењето тапети треба да се направи неколку недели пред раѓањето на бебето, за да може воздухот во собата до неговото доаѓањеда бидесосема чист.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.