Испијте ја оваа напивка за слабеење пред спиење: Само една чаша го забрзува метаболизмот и ги топи маснотиите

Совети од нутриционист

Напивка до 2 состојки пред спиење за слабеење

Многу е важно што и кога внесуваме во организмот пред спиење, како поради квалитетот на сонот, така и заради целото тело. И во сон се трошат калории, а целиот тој процес може да се поттикне само ако се напиете напивка од две состојки пред да си легнете.

Според експертите за здрава храна, постојат намирници што дополнително го стимулираат согорувањето на мастите и калориите и на тој начин му овозможуваат на метаболизмот да функционира без проблем, а резултат од тоа се намалените килограми.

„Пред спиење, може да пиете 1 исцеден лимон во 300 мл вода или да сипете во водата лажиче цимет, некој друг цитрус или лажиче мелен лен, како и билен чај“, велат нутриционистите.

„Ви треба еден свеж корен од ѓумбир и 1,5 литар вода. Исечкајте го ѓумбирот што претходно добро сте го измиле под млаз млака вода. Ќе ви требаат 5 потенки крукчиња од коренот. Ставете ги крукчињата ѓумбир во сад со вода, па варете ги на тивок оган околу 20 минути. Потоа, тргнете ги од оган, поклопете ги и оставете да се оладат“, вака гласи рецептот.

Ѓумбирот содржи бројни витамини, минерали, здрави масти и полифеноли кои дејствуваат како антиоксиданси. Неговата ефикасност за слабеење ја докажуваат и многу истражувања – ѓумбирот содржи соединенија што се нарекуваат џинџероли и схогаоли, кои се задолжени за забрзување на метаболизмот.

Не смеете да заборавите дека тајната на витата става е во здравата исхрана, физичката активност, како и во истрајноста. Доколку се чувствувате тромаво и без кондиција, крајно време е да преземете конкретни чекори. Немојте да очекувате дека килограмите ќе исчезнат преку ноќ, бидејќи не сте ги ни качиле на тој начин.

Тоа е процес што трае. Здравата исхрана во комбинација со физичка активност треба да стане вашиот нов начин на живот. Кога конечно ќе се покренете и ќе се активирате физички, покрај почетното воспаление на мускулите, ќе ви се случи да почувствувате недостиг од енергија и желба да се откажете. Тогаш, сетете се зошто воопшто сте одлучиле да го смените начинот на живот и ветете си дека ќе бидете истрајни во тоа. А водата со ѓумбир може да биде уште еден од здравите и природни помошници да ги симнете несаканите килограми.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.