Во Охрид слетаа фламингоси на Fisherman’s friend pool party

Најдобрата забава покрај базен кај нас, во режија на магазинот „Убавина и здравје“, се одржа во саботата на најфотогеничната плажа во Охрид, Park Golden Beach.

Издавачот на најтиражниот магазин кај нас и во регионот „Убавина и здравје“, воедно и организатор на забавите кои со нетрпение се очекуваат, а потоа долго се паметат и прераскажуваат, Колор медиа плус овојпат им приреди незаборавно дневно дружење и забава за разгалување на сите сетила на присутните кои имаа среќа викендов да се најдат во Охрид, конкретно, покрај најубавиот базен лоциран на плажата Park Golden Beach.

Опуштена атмосфера, вкусна храна, освежителни коктели, пливање на фламингоси, тестирање на новите производи на помагателите на овој настан и водени лудории преку игри во базенот, по кои сите победници беа богато наградени и дома си заминаа со преубави искуства, спомени, нови познанства.

Генералниот покровител на забавата Fisherman’s friend обезбеди свежина за сите посетители преку легендарните вкусови на нивните пастили, а Silver партнерот Ramstore маркети промовираше нови освежителни летни пијалаци.

Посетителите уживаа во вкусовите на омилениот чипс на сите генерации Pringles, а маскотата Mr, Pringles беше вистинска атракција со која сите сакаа да се фоткаат.

Дермокозметичките брендови Vichy, La Roche Posay и Cerave ги потсетија посетителите дека е од особена важост безбедно да уживаат под сонцето, грижејќи се за својата кожа со уникатни формули за хидратација, а поделија и вредни подароци на големо задоволство на присутните покрај базенот.

Покрај хидратација, уживањето под сонцето подразбира и задолжителна УВ-заштита, а истата организаторите ја обезбедија за сите присутни благодарение на Burra Sun спрејот. Сите ги воодушеви лесната немасна формула со преубав мирис во овој популарен препарат на Esensa.

Новиот козметички бренд Enisa Kadrii на забавата беше присутен преку својот Dream Cream, крем за лице со природни состојки и ултрависока УВ-заштита со СПФ 50, препорачан за сите возрасти, а оттаму најавија и нови уникатни формули за нега.

Забавата траеше неколку часа, а за одржување на расположението на ниво од прва до последна минута беше задолжен диџеј Александар Јорданов, кој навистина го погоди вкусот за добра музика на присутните.

На присутните гости на забавата добредојде им посака главната и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, додека, пак, низ водените лудории и игрите во кои победниците освојуваа вредни подароци од поддржувачите на забавата ги бодреше Верица Донев.

Погледнете каква беше атмосферата низ фотографиите во нашата галерија во продолжение…

Текст: Татјана Пуленџовска

Фото: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.