Почувствувајте го мирисот Њујорк: „Бонд бр. 9“

„Бонд бр. 9“ е најиконичната куќа за мириси во Њујорк и врвно продаван глобално признаен луксузен бренд

Лорис Раме е основачка, креаторка и претседателка на „Бонд бр. 9“ во Њујорк. Таа во 2003 година ја лансира оваа необична колекција на мириси, наменети за жени и за мажи, но и унисекс, за да ја врати уметноста во парфемскиот свет и да создаде мирис инспириран од секој кварт во Њујорк.

Денес, „Бонд бр. 9“ е најиконичната куќа за мириси во Њујорк и врвно продаван глобално признаен луксузен бренд.

Кажете ни за вашите почетоци во индустријата за убавина? Како ја почнавте вашата кариера?

Во 1973 година му се приклучив на „Ланком“ во Париз како директорка за меѓународна обука, зголемувајќи го тројно бизнисот за нега на кожата на компанијата на Блискиот Исток. Во 1976 година ја презедов улогата на директорка на институтот „Ланком де бјути“ и преминав во седиштето на „Лореал“ во Њујорк.

Подоцна во Париз се сретнав со дизајнерката на парфеми Аник Гутал и станав партнерка и претседателка на едно од нивните одделенија во Њујорк. Од 1989 до 1995 година бев одговорна за претставување на малата француска компанија во САД и за создавање уникатен маркетинг-пристап на брендот.

Следуваа препознавање и брз пораст, а мојата стратегија го трансформира малиот бизнис во меѓународна приказна за успех, каква што е денес. Почнувајќи од 1995 година, бев американска дистрибутерка на „Крид“ во наредните девет години.

Ниедно место на светот не е како Њујорк. Како се појави идејата за создавање парфемска колекција посветена на градот Њујорк?
Во 2003 година ги лансирав специфичните парфеми „бонд бр. 9“ наменети за жени и за мажи, но и унисекс. Ние создадовме историја со првата голема колекција на мириси, која му оддава почит на големиот град – Њујорк.

Денес, „Бонд бр. 9“ е најиконичната парфемска куќа во Њујорк и глобално признаена луксузна марка. „Бонд бр. 9“ има произведено над 90 мириси што ги слават квартовите во Њујорк, плажите, локациите, но и ексклузивни кобрендирани колекции на мириси за „Сакс фифт авени“ и „Хародс“.

„Бонд“ претставува движечка сила во светот на луксузните добра.

„Бонд бр. 9“ ја поттикнува силата на жената, не само со своите мириси туку и со својата внатрешна женска генијалност, негувајќи ги деловните практики и професионалноста. Зошто е важно ова за вас?

Со задоволство можеме да кажеме дека од самиот почеток се залагаме и ја истакнуваме силата на жената. Се надеваме дека нашата приказна и достигнувања ќе бидат инспирација за другите жени, професионално или, пак, во животот што го водат.

Во парфемската индустрија, во која долго време доминираа мажите, во „Бонд бр. 9“ првпат на чело застанува жена. Јас лично го надгледувам секој аспект на развојот, создавањето на парфемите и пакувањата, до дизајнирањето на ентериерот во парфимериите на „Бонд бр. 9“.

Каков е концептот на брендот?
Во минатиот век Париз имаше свои мириси. Овој век тоа го прави Њујорк.
Колекцијата „Бонд бр. 9“, со повеќе од 90 парфеми за жени и за мажи, но и унисекс, има двојна мисија: да ја врати уметноста во парфемскиот свет и да го обележи секој кварт во Њујорк со свој специфичен мирис.

Секој мирис претставува карактеристика на центарот на градот, квартовите или, пак, на целиот град.

И ги прошируваме категориите. Покрај свеќите, мирисите и кремовите за тело, „Бонд“ нуди колекции на кармини што се дополнуваат, вегански се и не се тестирани на животни. Направени се во Њујорк, со што особено се гордееме.

Модерни, како и самиот град, мирисите на „Бонд бр. 9“ не се традиционални, бидејќи линијата е инспирирана од секој кварт, неговиот дух, чувство и енергија.

Кажете ни нешто за амбалажата…
Нашето иконско шише со силуета се одликува со уникатни апстрактни дизајни – различни за секој парфем. Секое шише е прекрасно уметничко дело, колекционерско парче, што го издвојува „Бонд бр. 9“ од другите компании за парфеми.

Нашата амбалажа и нашите мириси ја слават уникатноста што се наоѓа во секое соседство, а уникатните украси на нетранспарентна боја ги прават шик колекционерски предмети…

Ние имаме колекционери, а не клиенти! Нашите кристално украсени сваровски-шишиња со ограничено издание, како и нашите празнични понуди – од ковчежиња до мини-кутии – се барани шик колекционерски предмети.

Состојките?
Аромите за „Бонд бр. 9“ се состојат од највисок квалитет на состојки, парфемско масло добиено од целиот свет.

Како доаѓате до идеја за создавање нови парфеми?
Њујорк има неверојатна енергија, како никој друг град, а токму тие чувства влијаат на сè што правиме. При изборот на локациите за креациите на „Бонд бр. 9“, нашите клиенти нè водат во квартовите што сакаат да ги видат.

Духот на одредена област е инспирација што се стремиме да ја доловиме и оживееме. Секој мирис на „Бонд“ е создаден во Њујорк од одбрани мајстори парфимери – некои од најголемите имиња во бизнисот.

Која област на Менхетн ве фасцинира и инспирира најмногу?
Заинтересирана сум за освојување на следните големи креативни квартови во Њујорк. Соседства што минуваат низ вистинска револуција, оние што ги комбинираат старото и новото.

Кажете ни за парфимериите на „Бонд бр. 9“. Кој ги дизајнира?
„Бонд бр. 9“ ве носи на место со луксуз, без разлика дали станува збор за блескавите кули во Дубаи или за брегот во Хемптонс – едно прскање и веднаш се транспортираш.

Учествував во дизајнирањето и опремувањето на декорот, инспирирана од дворецот „Версај“, кристалните лустери, столовите со црвен лак и кадифените теписи во боја на песок.

Внатрешноста ги рефлектира и моето париско наследство и градот што го засакав – Њујорк. Главната парфимерија на „Бонд“, која се наоѓа на улицата 9 Бонд, има огледала насекаде – на sидовите низ целиот коридор долг 3.000 квадратни метри.

Со нашите живописно обоени кутии за мирисите, прикажани и рефлектирани повеќепати низ овој простор, вкупниот ефект е калеидоскопски. И непосредно пред нашата врата, улицата е поплочена со калдрми, исто како и патеките во „Версај“.

Што е следно за „Бонд бр. 9?
Бидејќи Њујорк постојано се развива, „Бонд бр. 9“ ќе продолжи заедно со него. Задржувајќи го старото, зачувувајќи го сегашното и очекувајќи ја иднината.

Текст и фото: ПР

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.