Денот на вљубените во знакот на Nolita, Bond No9

Во парфимеријата Belodore, се запознавме со дамската нота на фрезија обоена со енергична мандарина

Со мирисна сензација низ воздухот, слатки и бакнежи распослани насекаде, Nolita,Bond No9 ни приреди одлична атмосфера за Денот на вљубените.

Во парфимеријата Belodore, се запознавме со дамската нота на фрезија обоена со енергична мандарина, живописна олфактивна слика на истоимениот дел од Њујорк, наречена Nolita.

Nolita е шармантен, луксузен кварт во Њујорк. Позната по модерната атмосфера, шик шопинг сцена со многу дизајнерски златари, уникатни бутици и продавници со домашен дизајн, NoLiTa стана збиралиште за младите кои ги среќаваме во популарните улични кафулиња, барови и модерни ресторани. За време на викендите во NoLiTa, уличните продавачи го изложуваат рачно изработениот накит и уметничките дела.

Ноти: мандарија, фрезија, лилијан, роза, јасмин самбак, мекиот амбер, мошус и сандаловина.

Nolita ви го честита Денот на вљубените и испраќа бакнежи од Њујорк.

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.