Почувствувајте ја магијата на Истокот со овие ориентални парфеми што можете да ги најдете и кај нас по пристојни цени!

Бидете посебни

Иако за ориенталните парфеми постои мислење дека се скапи, тоа сепак не е правило

Ориенталните парфеми ве носат на патување на сетилата во сензуалниот и мистичен свет на луксуз и елеганција. Инспирирани од Истокот, овие мириси се издвојуваат по специфичните ноти и најквалитетни парфемски состојки на светот – уд, мошус, ветивер, сандалово дрво, амбер… Нивна посебна специфичност е што може да се комбинираат со други парфеми, создавајќи можност сами да креирате мирис кој го сакате.

Иако за ориенталните парфеми постои мислење дека се скапи, тоа сепак не е правило. Брендовите Lattafa, Swiss Arabian и Al Haramain се достапни кај нас и може да се најдат по пристојни цени, нудејќи висок квалитет и препознатливост.

Lattafa, Khamrah EDP Unisex

Новитетот кој ќе ја обележи оваа сезона, Lattafa, Khamrah EDP Unisex е луксузен, ориентално-зачинет парфем, кој ги комбинира скапоцените зачини, топлината на дрвенестите ноти и мекоста на ванилата. Горната нота е цитрусната свежина на бергамот врамена со топлиот, кадифен зачин на цимет и рафинираната жалфија. Срцето на парфемот пулсира со прекрасниот кремаст мирис на пралина, топејќи се во миризлива магија од слатки овошни ноти и туберозни цветни нијанси. Како долни ноти се чувствува раскошна ароматична патека која ја спојува сензуалната сладост на ванила со зачинети скапоцени дрва, сладок чаден уд, зачадена ароматична смирна, зачинета тонка и смолести бензоин од ванила, кои нежно треперат во зракот.

Lattafa, Ajwad EDP Unisex

Природен, сладок парфем во спреј исполнет со арома на амбер, роза и сандаловина. Овој слаткаст мирис на ванила кој е карамелизиран со многу овошје и кедрово дрво ќе ве освои при првата средба.

Lattafa, Ana Abiyedh EDP Unisex

Сензуален мирис наменет за жени и мажи. Како горни ноти на овој мирис се чувствуваат белиот мошус и масло од киприол кои на средината се мешаат со ванила, шафран и кардамон. Долните ноти се зрно тонка и гуајак дрво

Al Haramain L’Aventure Мan EDP

 

Специфичен мажествен мирис кој ја нагласува самодовербата. Цветно дрвенест мирис со горни ноти на лимон, бергамот и елеми, полека преоѓајќи кон средината на дрвенести ноти, јасмин и момина солза. Потоа, доаѓаат на сцената идеалните мошус, пачули и амбер како долни ноти.

Al Haramain L`Aventure Femme EDP

За жени со авантуристички дух. Тие знаат што сакаат и нивниот избор е секогаш најдоброто за нив. Мирисот се отвара со свежина на цитрус од бергамот, ананас и бобинки. Мирисната хармонија се движи кон ноти на роза, фрезија и кедрово дрво. Сензацијата продолжува кон основата од сандалово дрво, пачули, амбер и мошус.

Swiss Arabian Gharaam EDP Unisex

Романтичен дрвенест мирис кој ги грее срцата подеднакво кај жените и мажите. Мирисот ве води на неодолива патека низ нотите на јасмин и шафран (еден од најретките зачини), кои патуваат кон прегратката во срцевината на препознатливиот амбер. Патувањето продолжува кон чистата вљубеност низ нотите на кедар и ела.

Сите овие врвни ориентални парфеми можете да ги најдете ексклузивно во парфимериите Schatze.

Мирис на луксуз и елеганција: Бидете посебни со ориенталните парфеми на Armaf
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.