Го запознала мажот на својот живот кога била бремена од друг, а тој ја чекал 15 ГОДИНИ! Сега уживаат во идила, а тој се дружи со татковците на нејзините деца

Филмска љубов на холивудската актерка

Убавата Кејт Хадсон е позната по романтичните филмови, а ако ги анализираме нејзините љубовни приказни, малку е да кажеме дека се филмски, особено кога станува збор за нејзината моментална врска со Дени Фуџикава, кој ја чекал дури 15 години!

Имено, Кејт и Дени се во врска од 2017 година, двојката ја има ќерката Рани, а Кејт со поранешните партнери го има синот Рајдер, кој го роди во бракот со пејачот Крис Робинсон, и Бингам, кој го доби со нејзиниот поранешен свршеник, фронтменот на групата МјузМет Белами.

Кејт во една пригода изјави дека посакува да може да каже дека таа ги привлекува музичарите, но признава дека тие ѝ се привлечни на неа.

Причината поради која се поврзувам толку добро со музичарите е тоа што сите се поврзуваме со музиката на начин што навистина не мора да го објаснуваме. Едноставно, го чувствуваш и тоа е нешто што го сакаш. Иако не е паметно да се биде вљубен во нивниот начин на живот, рече Кејт еднаш.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

Дени ја познава Кејт од нејзината 23-та година, кога беше бремена и во врска со Крис Робинсон. Меѓутоа, музичарот трпеливо чекал 15 години додека конечно не ја добил својата шанса.

Во 2016 година, ја поканил Кејт да одат на планинарење, но работите не се одвивале толку брзо…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

Она што мислев дека ќе биде само пешачење со пријател, се претвори во неочекуван прв состанок. И не, на тој прв состанок немаше напредок. Нему му требаа неколку месеци да го направи првиот чекор, бидејќи пријателството кое траеше 15 години требаше да се подигне на повисоко ниво за да си ги отвориме срцата и да почувствуваме чиста љубов, изјави Кејт.

Љубовта меѓу нив кулминира кога ѝ станаа родители на ќерката Рани Роуз, а потоа седум години помладиот Дени одлучи да ја запроси љубовта на својот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

Благодарение на него, се чувствувам убаво во секое време, дури и кога се караме. Се чувствувам сакано. Поради неговата посветеност кон семејството, се чувствувам безбедно, заштитено и самоуверено. За него семејството е на прво место, тој навистина е семеен човек, изјави еднаш Кејт.

Фото: Интаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.