„Од прва рака дознав колку плаќаат богатите шеици од Дубаи кога посакуваат некоја жена“: Шокантна понуда!

Неверојатно!

Таа важи за една од најатрактивните девојки во Бразил, а додека одморала во Дубаи, запознала шеик кој бил подготвен на сè, само за да ја изведе на вечера

Атрактивната бразилска инфлуенсерка Стефани Силверира има најголем број следбеници на платформата OnlyFans во својата земја и не престанува да ја интригира јавноста со провокативните објави. Овој пат предизвикала лавина од реакции, и тоа поради едно интересно искуство што го имала додека била на одмор во Дубаи.

Имено, откако се запознала и кратко разговарала со богат шеик, тој ѝ понудил 456 илјади евра само за да се согласи да излезе на состанок со него. И покрај примамливата понуда, таа признала дека категорички кажала „не“.

„Мислев дека станува збор за шега. Но еден пријател ми објасни дека таквите понуди во Дубаи се сосема вообичаени. Напросто бев шокирана“, раскажала атрактивната Бразилка и нагласила дека не се навредила од неморалната понуда на овој моќен човек.

Од друга страна, открила и дека моментално заработува повеќе од доволно на OnlyFans и дека може да си ја исполни секоја желба. Живее живот од соништата – патува, инвестира и му помага на своето семејство.

„Ми нудеа да учествувам во едно реално шоу, да се натпреварувам во избори за убавина, па дури и да снимам филмови за возрасни во Велика Британија. Сите понуди беа примамливи, но ниту една не беше подобра од она што веќе го заработувам на разни платформи. Сето тоа е убаво, но нема ништо подобро од слободата во која уживам. А можам да го снимам она што самата ќе го посакам, да патувам и да запознавам нови луѓе“, искрена била Стефани.

Доказ дека парите не можат да купат среќа: Домаќинка од Дубаи зажалила што се омажила со милионер кој ѝ исплаќа огромна сума пари!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.