Потпечен компир со јајца, сланина и сирење: Искористете ја храната од Велигден и пригответе сосема ново јадење

Превкусно!

Јадењето од варени компири и јајца е калорично и комплетно јадење за сите вистински гурмани

Идејата за денешниот ручек ќе ви помогне да ги искористите преостанатите велигденски јајца.

Состојки:
  • 1 кг сварен компир
  • 300-350 г сувомеснати производи
  • 4 варени јајца
  • 4 кисели краставички
  • 200-250 г сирење
  • 1 домат
  • 50 г маслинки

За преливот:

  • 4 јајца
  • 150 мл млеко
  • 50 мл масло
Приготвување:

Сварениот компир ставете го во огноотпорен сад, преку него ставете ситно сечкани сувомеснати производи, потоа неколку варени јајца и сирење, а потоа повторно компир, јајца, сирење, сланина, па повторно компир, кисели краставички, маслинки, домати. Сето тоа прелејте го со измешани јајца, млеко и зачини.

Печете го во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, 25-30 минути.

Ражниња од макарони со вкус на пица
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.