Доказ дека парите не можат да купат среќа: Домаќинка од Дубаи зажалила што се омажила со милионер кој ѝ исплаќа огромна сума пари!

Не е сè до парите

Многумина ги разгневило искуството на оваа жена од Дубаи, на која сопругот не ѝ купил подарок, со оглед на тоа што плива во луксуз

Веќе знаеме дека жените масовно одат во Дубаи во потрага по луксузен живот и моќен шеик што би им го обезбедил тоа. Меѓутоа, се поставува прашањето што се случува кога девојките ќе го добијат тоа што го барале?

Една млада домаќинка од Дубаи плива во луксуз, но го нападнала својот „непромислен“ партнер откако ѝ уплатил огромен износ на сметка за да го потроши за Денот на вљубените, наместо самиот да ѝ купи подарок.

Линда има 23 години, а на својот ТикТок профил го изнела нејзиниот голем проблем. Имено, објаснила дека партнерот ѝ префрлил огромна сума на пари на нејзината сметка, за да може да го прослави Денот на вљубените како што сака, меѓутоа таа не била импресионирана.

Таа навела дека неговиот гест бил многу себичен и непромислен.

@lionlindaa romance is dead these days im so mad at him #shopping #dubaihousewife #valentinesday ♬ Collide (sped up) – Justine Skye

„Океј, денес мојот партнер стави 20 илјади долари на мојата сметка во банка за Денот на вљубените. Мислам дека тоа е навистина непромислено и себично, зад тоа нема никаква порака, а ни смисла“, објаснила Линда и додала дека и покрај тоа ќе оди на шопинг.

„Остави ме да ги потопам моите грижи во кредитни картички“, додала таа.

Под видеото во кое зборува за својот проблем, го ставила описот „романтиката е мртва“, а потоа покажала како живее. Имено, посетила бројни дизајнерски продавници во трговскиот центар во Дубаи, а потоа ги покажала прескапите дизајнерски чантички што ги купила.

@lionlindaa 😇 #spoiled #wife #dubai_dxb_uae ♬ original sound – jessthegreat

„Никој друг нема да го има ова, а тоа и ми се допаѓа. Не сакам да бидам како некој друг“, додала таа.

Линда потоа уживала во ручекот во близина на Бурџ Калифа, највисоката зграда на светот.

Исто така, испробала и неколку пара дизајнерски чевли за „вечерата што веројатно на крајот сама ќе си ја испланирам“. Тогаш рекла дека сепак одлучила да си оди дома, бидејќи била „некако осамена“.

@lionlindaa Sorry not sorry hubby❤️‍🔥 #amex #rich #husband ♬ original sound – Raised By Wolves

Набрзо следела лавина од коментари, а мислењата, како и обично, биле поделени.

„20 000 долари и се жали“, пишува во еден од коментарите.

„Да, 20 000 долари се добри пари, но попрво би сакала тој да излезе од дома и да ми купи нешто што мисли дека би ми се допаднало“, објаснил еден коментатор, а друг заклучил дека ова видео е уште еден доказ дека среќата не се купува со пари.

Се омажила за милионер од Дубаи и живее за да ги троши неговите пари: Луѓето вријат од бес кога гледаат што јаде и како се однесува
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.