Додека ја чекале тортата, доживеале нешто незамисливо: Невестата се шокирала, а младоженецот покажал што е вистински маж!

Секоја чест!

На младенците им се срушила тортата, а она што го направил младоженецот сите ги воодушевило

На социјалните мрежи се појави видео од венчавката на двајца млади луѓе, кое стана вирално со брзина на светлината. Имено, денот што требало да им биде еден од најубавите во животот, за малку ќе се претворел во вистински пекол. Додека атмосферата сè повеќе се загревала, дошол моментот да се изнесе невестинската торта.

Двајца келнери ја изнеле огромната свадбена торта со прскалки, а целата сала на чело со невестата и младоженецот, нетрпеливо ја очекувале. Меѓутоа, само неколку мигови подоцна, потполно ненадејно, двајцата мажи паднале на колена, а десертот завршил на подот.

Изразот на лицето на невестата кажува сè. Потполно се скаменила од шок, додека младоженецот се намуртил и се фатил за стомак. Меѓутоа, брзо изреагирал и целата ситуација ја претворил во комичен настан. Зел виљушка, се доближил до тортата и ја пробал, а потоа низ насмевка ја повикал и својата поубава половина да му се придружи.

https://twitter.com/Nisic2Nisic/status/1647180017271545856?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1647180017271545856%7Ctwgr%5E3c90f799cd6dd88e6b75331576256ede5dc3846c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fljubav%2F199257%2Fmladencima-se-srusila-torta-oni-imali-najbolju-reakciju

Урнебесните коментари на Твитер само се нижеле:

„Ова треба да биде пример како се одбира маж. Ја врти на шега тешката ситуација и ѝ помага полесно да ја преброди.“

„Младоженецот е цар над царевите, така треба да се реагира на бенигните проблеми и ситуации во животот, а не бескрајно да се драматизира.“

„Мене ова ми е баш кул – како изреагираа младоженецот и невестата… Нормални луѓе. Во животот може да се случат многу глупости… Тоа не можеш да го контролираш, но можеш да ја контролираш својата реакција… Браво за нивните реакции“, им порачал еден корисник.

Кумовите го донеле младоженецот на свадбата во мртовечки ковчег: Жените остро го осудиле неговиот потег, а невестата се сокрила
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.