Кумовите го донеле младоженецот на свадбата во мртовечки ковчег: Жените остро го осудиле неговиот потег, а невестата се сокрила

Бизарно

Видеото набрзо станало вирално на социјалните мрежи

Бизарното видео во кое се гледа како кумовите го носат младоженецот во мртовечки ковчег на сопствената свадба ја шокира јавноста. Имено, младоженецот кој веројатно е од Америка, смислил оригинален начин како да се појави на својата венчавка и покренал лавина коментари.

Видеото што осамна на ТикТок прикажува како неколку луѓе, меѓу кои се и девериците како и кумовите на идната брачна двојка, изнесуваат црн ковчег од возило, а потоа го носат пред олтар, каде што го поставуваат.

Видеото има и интересен опис:

„Погреб? Не, така мојот пријател одлучи да стигне до олтарот.“

@tobz88 Tell me you’re dramatic without telling me you’re dramatic. #wedding #walkingdowntheaisle #areyoukiddingme #getthefucouttahere #tildeathdouspart ♬ Rest In Peace – Dorothy


На самиот крај од видеото се гледа како младоженецот излегува од ковчегот во бело сако, додека невестата не се појавува на снимката.

Видеото набрзо станало вирално и го прегледале повеќе од 8 милиони луѓе. Меѓутоа, младоженецот добил негативни коментари и предизвикал револт кај луѓето.

„Би се развеле уште пред да кажеме ’да’“, „Бог да чува, катастрофа“, „Проклетство што само чека да се случи“, се само некои од коментарите.

Жена се омажила за крпена кукла, а сега бракот им виси на конец: „Ме изневери додека бев во болница со нашиот син“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.