Кремливи гриз-коцки: Колач што се топи во уста, не се пече и готов е за миг!

Пробајте!

Ви предлагаме едноставен рецепт за кремлив колач со гриз, кој се топи во уста и тешко ќе можете да му одолеете

Овој колач се приготвува многу едноставно, а најдобро од сè е што не се пече. Многу е кремлив и вкусен, а доколку го послужите директно од фрижидер, ќе добиете вистински освежителен десерт!

Состојки:

За базата:

  • 500 мл млеко
  • 100 г шеќер
  • 100 г гриз

За филот:

  • 500 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 2 кесички пудинг од ванила (вкупно 72 г)
  • 75 г маргарин
  • 75 г слатка павлака

За глазурата:

  • 250 мл слатка павлака
  • 150 г чоколадо
Приготвување:

Во тенџере сипете млеко, шеќер и гриз и варете го неколку минути. Потоа, префрлете ја смесата во калап и ставете ја да се олади.

За филот, сипете млеко во тенџере, а потоа додајте шеќер и пудинг од ванила и добро промешајте. Ставете го на рингла да се вари со непрекинато мешање. Потоа, ставете го филот да се лади. Кога филот целосно ќе се олади, додајте маргарин во него и изматете со миксер, па додајте и слатка павлака. Распоредете го филот преку базата и пригответе ја глазурата.

За глазурата, сварете слатка павлаката, па ставете го чоколадото да се стопи и потоа прелејте го колачот со смесата.

Оставете го колачот во фрижидер да се лади.

Добар апетит!

Неодоливи коцки со вишни што ќе ви ги разбудат сите сетила – вистински десерт за паметење!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.