Славниот актер 20 години не разговарал со ќерка му, не знае ни каде е: „Немате обврска да си го сакате семејството!“

Ви се верува?

Ентони Хопкинс заедно со Оливија Колман глуми во новиот филм „Татко“, а неговиот лик многумина ги потсетила на неговата приватна приказна

Актерот Ентони Хопкинс со најновиот филм би можел да си ја обезбеди титулата најголема актерска легенда во Велика Британија, а во јавноста почнале да се откриваат детали за филмот „Татко“ каде што глуми заедно со колешката Оливија Колман.

82-годишниот Хопкинс во новиот филм глуми маж кој се бори со деменција, а критичарите предвидуваат дека главниот актер би можел да го добие вториот Оскар за најдобра машка улога во својата кариера. Хопкинс првата златна статуетка ја добил за улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Тој често зборува дека ја користи сопствената семејна приказна за што подобро да одигра некоја улога, а во новиот филм глуми маж кој е во голем конфликт со своето дете. За жал, и тука Хопкинс може да се поистовети со улогата.

„Со својата ќерка Ебигејл (52), Хопкинс нема разговарано повеќе од 20 години, а се работи за многу чувствителна тема за која не разговарал ниту со најблиските пријатели.

Сите во негова околина знаат дека таа тема никогаш не се спомнува. Го прогонуваа демони со години, но сега е добро и никој не сака да ги отвора неговите стари рани“, открил еден негов пријател.

Ентони Хопкинс во последно време често зборувал дека се чувствува добро и дека ужива со својата трета сопруга Стела, но никогаш не спомнувал детали за односот со ќерка му. Некои негови пријатели тврдат дека караницата толку ескалирала што се немаат слушнато во ниту една прилика последниве 20 години.

Актерот не знае каде живее неговата ќерка, ниту дали има деца.

„Не знам што би ви кажал. Луѓето се разидуваат, семејствата се караат и животот оди понатаму. Не сте должни да си го сакате семејството“, изјавил пред две години во едно интервју на радио.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.