Му „пукна филмот“: Наследникот на Лепа Брена се повлече од музиката: „Мојата кариера беше слатка и кратка“
Не го издржа притисокот
Постариот син на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, го најави крајот на својата музичка кариера. Тој во едно интервју за дневен весник во Србија изјави дека неговата кариера била „убава, кратка и слатка“, откако следеше и неговото официјално соопштение.
Би сакал да ја известам јавноста дека одлучив да се повлечам од јавната сцена и јавниот живот. Претходните години медиумите во Србија објавуваа многубројни текстови поради кои не сакав да покренам судски постапки, иако многумина содржеа невистинити информации, кои, по овој пат, ги демантирам. Ги молам сите медиуми да ја почитуваат мојата одлука за повлекување од јавноста и во иднина да се воздржат од објавување секакви информации за мене, а особено оние кои ја вклучуваат мојата приватност.“
Фото: Инстаграм