Експертите советуваат: Прегратката ја продолжува врската

Здравствени придобивки

Ако се грижите за партнерот, прегрнувајте се секој ден, што е можно почесто и подолго. Тоа го кажуваат експертите за врски и објаснуваат зошто прегратката е толку важна.

„Најголемиот орган на нашето тело е кожата, а основниот порив на секое човечко суштество е контакт од кожа на кожа, што има смирувачки ефект врз повеќето“, вели Сара Купер од Центарот за љубов и секс во Њујорк.

Таа додава дека прегратката секогаш лекува и колку подолго трае, толку повеќе се чувствувате сакани. Таа знае да утеши и охрабри.

Кога се држите до партнерот, дишењето забавува, се продлабочува и се синхронизира.

„Не само што има релаксирачки ефект, туку предизвикува и ослободување на окситоцин, хормони и невротрансмитери, кои се поврзани со чувство на блискост и припадност. Прегратката го намалува крвниот притисок и испраќа порака до нашето тело дека сè е добро, за да можеме да се опуштиме“, додава Купер.

Прочитајте и: Еве седум начини на кои може да се зближите со партнерот иако не сте физички заедно

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.