МИСТЕРИОЗНАТА СЕСТРА НА ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ: Убавата Марија има необична работа и е голем вљубеник во сосема поинаков спорт

Шоубизнис

Многумина не знаат дека Јелена Ѓоковиќ има сестра, а во остатокот од текстот погледнете како изгледа.

Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ на сите им е добро позната, но некои детали од нејзиниот живот се уште остануваат непознати.

Всушност, многумина не знаат дека сопругата на светскиот рекет број еден има помлада сестра која неодоливо потсетува на неа, а која го привлече вниманието на јавноста кога таа и Јелена го бодреа Новак на УС Опен пред неколку години.

Тоа е Марија Ристиќ, која извесен период беше дел од фондацијата Новак Ѓоковиќ, но потоа реши да се посвети на својот блог кој се занимава со теми за мотивација, различност, мода…

Сепак, оваа сестрана девојка се занимава и со фотографија, а своите дела ги објавува и на својот Инстаграм и на својот блог.

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Марија веќе неколку години е во среќен брак со сопругот Будимир Јовковиќ, а бројните фотографии на социјалните мрежи покажуваат колку е силна нивната љубов и колку уживаат во заедничкиот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Ristic (@_marija.ristic_)

Исто така, иако убавата Марија ужива во тенис, исто како и нејзината сестра, нејзиното срце е украдено од еден сосема поинаков и многу возбудлив спорт. Станува збор за јавање, на кое таа му го посветува секој слободен момент.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.