Кејт Мидлтон ги воодушеви сите: Принцезата носеше чанта по која жените полудуваат

Мода

Кејт Мидлтон во совршена есенска комбинација.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се на турнеја низ Северна Ирска. Двојката го имаше своето прво појавување таму како принц и принцеза од Велс, а ова е нивна прва посета на земјата по смртта на кралицата Елизабета.

Принцезата Кејт изгледаше неверојатно во есенскиот ансамбл. Таа донесе две бои, светло сина и црна и тоа е доволно за да остави впечаток.

Таа носеше сино, долго, волнено палто со сина блуза со машна околу вратот. За да дојде до израз синото, таа се одлучи за црни панталони со длабок струк, кои откако се појавија се совршено решение за многу комбинации.

Кејт сака салонки, а можеме да видиме дека тие се нејзиниот избор сега, додека во рацете носи мала чанта која оваа сезона ги освои жените.

Принцот Вилијам целосно одговараше на својата сопруга, а неговиот стајлинг имаше и примеси на сина боја.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.