Се расфрла со парите како луда: Карлеуша патува со авион во брендирани папучи кои чинат вртоглави 600 евра!

Шоубизнмис

Пејачката Јелена Карлеуша ги воодушеви сите свои следбеници со нова фризура, а сега објави и фотографии од приватен авион.

Имено, таа заминала во Австрија да одржи уште еден настап, а од авион објавила една фотографија на Инстаграм со која покажала дека патува во чорапи и куќни влечки.

Но, не секаков вид, туку бренд на познат и популарен моден дизајнер, а цената на овие црно-бели влечки со натпис на брендот на интернет е околу 600 евра.

Јелена носеше хеланки, црни чорапи и влечки, а со оглед на тоа што ги следи светските модни трендови и троши цело богатство на гардероба и „крпа“, како и поместување на границите на сцената, со ова целосно надмина се.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More