Меган сака од Хари да направи холивудска фаца: Сопругата му одредила како ќе се облекува отсега и што ќе јаде

Се’ тече по планот

Таа организира се’, а Хари оди по нејзино, открил извор близок на парот

Меган Маркл полека почнала со својот план од сопругот принц Хари да направи вистинска холивудска фаца!

Имено, брачниот пар (или Меган) планира летото да го помине со најголемите холивудски имиња.

„Џенифер Анистон во јули ќе пристигне во Канада поради снимање на филм, а Меган и Хари секако планираат да поминат многу време и во Лос Анџелес“, открил изворот ексклузивно за Radar Online.

Поради тие планови, Меган сака Хари да поработи и на физичката форма.

„Хари качи неколку килограми во последно време, што особено се гледа на лицето, а Меган не дозволува тој да се запушти. Затоа, повторно почна да оди во вежбалница секој ден, а од исхраната ги исфрли јаглехидратите“, кажал истиот извор.

И куќата во која ќе живеат во Лос Анџелес, Меган почнала да ја бира според можностите во неа да угостува холивудски фаци.

„Таа сака се’ да изгледа како милион долари. Сака секаде да се појавуваат и да оставаат впечаток како Џорџ и Амал Клуни, па ќе поработи на стилот на облекување на Хари. Меган организира се’, а Хари оди по нејзино“, додал изворот близок на парот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.